Над 30 лекари и медицински сестри во „8 Септември“ заразени со Ковид-19

Во Градската општа болница „8 Септември” тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи и пет болничари се заразени со коронавирус, информираа за МИА од Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се заразени двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.

Од Министерството потенцираа дека овие две јавни здравствени установи изминатите денови се засилени со кадар по систем на ротација.