Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари и сега ќе изнесува 59,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за еден денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство за 40 денари за литар.
Со одлукаата на РКЕ за 0,273 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот и ќе чини 24,886 денари. Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемните референтни цени на горивата и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.