Британскиот премиер Борис Џонсон, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен денеска ќе се обидат да ги оживет разговорите за идниот однос ЕУ- Британија. „По повикот на Борис Џонсон, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се согласи да одржи конференција на високо ниво на која ќе учествуваат и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен и шефот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли преку видео-конференција,“ соопшти портпаролот на Мишел на Твитер.
Барние: Британија ги отфрла сите нови одложувања на Брегзит
Разговорите за сеопфатен договор за идните односи меѓу Британија и 27-члената ЕУ тешко напредуваа од февруари. Периодот на транзиција откако Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари истекува на крајот на оваа година.