Девет починати од коронавирус за еден ден, рекорден број досега

Нови 162 заразени со ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие биле направени 778 тестови. До објавувањето на овие податоци не се стигнати податоците од лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори), Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај, се наведува во соопштението.

Најмногу заразени има во Скопје -92. Потоа следат Тетово со 32, Ресен -14, Дебар 5, Охрид 4, по тројца во Куманово и Струга, по двајца во Прилеп и Гостивар, и по еден заболен во Штип,Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Свети Николе.

Во изминатото деноноќие починале 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар, на возраст од 59 до 81 година.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.