ОБСЕ/ОДИХР распиша конкурс за ангажирање на експери кои треба да ги набљудуваат предвремените парламентарни избори во Македонија на 5 јули. Во конкурсот објавен на нивната веб страница се наведува дека по покана од С. Македонија за набљудување на изборите и во согласност со мандатот што го има ОДИХР, се подготвуваат да распоредат Специјална мисија за проценка на изборите , па затоа ОДИХР бара надворешни консултанти да ги пополнат позициите - раководител на мисијата, заменик-шеф на мисијата, политички аналитичари други видови аналитичари. Тие ќе бидат ангажирани приближно три недели, треба да бидат достапни од 19 јуни и за кратко време за заминат за Македонија. Конкурсот завршува на 16 јуни.
Откако синоќа на полноќ истече вонредната состојба, течат роковите за изборите на 5 јули.
Од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови реагираат дека не прифаќаат избори без кредибилна набљудувачка мисија од страна на ОБСЕ/ОДИХР.