Рестрикции во Париз и Лондон поради најавените протести против расизам

Париз.

Француските власти наредија рестораните и продавниците кои неодамна повторно беа отворени, денеска да се затворат, поради маршот против полициска бруталност и расизам, плашејќи се од можно насилство.

Маршот од Плоштадот на Републиката до Главната оперска куќа во градот се очекува да биде еден од најголемите демонстрации предвидени за денеска, а се инспирирани од движењето во САД „Црните животи се важни“ .

Шефот на полицијата во Париз им нареди на трговците и градските власти да расчистат сè што има на тротоарите и на терасите, а може да се запали или да биде искористено против полицијата.

Се повикува на протести во Париз и покрај забраните да не се собираат повеќе од 10 лица поради пандемијата на коронавирусот.

Маршот во Париз го организираат приврзаниците на Адама Траоре, црнец од Франција, кој почина во полициска притвор во 2016 година. Околностите за неговата смрт се уште се неразјаснети. Организаторите на протестите бараат „правда за Адама и за сите жртви на полицијата“.

Коронавирусот ги открива линиите на грешките на расната нееднаквост во Британија и САД

Протести се планирани во Марсеј, Лион и другите француски градови.

Во меѓувреме, британската полиција воведе строги ограничувања за протести на ривалски групи кои планираа да протестираат денеска во Лондон. Протести планираа демонстрантите од движењето „Црниот живот е важен“, како и екстремно десничарските групи. Полицијата повика луѓето да не се собираат во големи групи поради пандемијата. Ако сепак се соберат демонстрантите да се држат на своите рути и да се тргнат од улиците до 17 часот.

Протести против расизмот и прекумерната полициска сила, исто така, беа планирани за денеска и во Прага, Тајпеј и неколку австралиски градови.