Брнс: Важно е да се одржат избори

Американската амбасадорката во Скопје Кејт Мари Брнс порачува дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Северна Македонија и се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со КОВИд-19. Истакнува дека датумот за избори треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата, вели таа во изјава за новинската агенција МИА.

„Важно е во земјата да се одржат избори. На Северна Македонија и се потребни избрани и потполно функционални институции, Влада и Собрание, за да се справуваат со многуте идни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со КОВИД-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ. Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата, вели Брнс.