1022 не носеле маска, 392 лица одат во изолација

Илустрација - Луѓе со заштитни маски и полиција во Градски парк во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, издадени се решенија за изолација на 231 лице, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР.

„По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1022 прекршоци“, соопшти полицијата.