За 24 часа регистрирани 1068 лица кои не носеле заштитна маска

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на целата држава, регистрирани се 1.068 лица кои не носеле заштитна маска на места на кои е тоа задолжително, соопшти МВР.

На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.

„Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација“, соопшти МВР.