Шампиони, премиери и претседатели
МАКЕДОНИЈА - Двократниот европски ракометен и македонски шампион Вардар ќе биде сигурен учесник во Лигата на шампионите во наредната сезона, потврди ЕХФ. Со директното учество, Вардар ќе биде во друштво со ППД Загреб, Барселона, Кјелце, Кил, Веспрем, Порто, Алборг, Фленсбург и ПСЖ.
МАКЕДОНИЈА - Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 и 7 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.
МАКЕДОНИЈА - Ние Албанците сонувавме за слобода, за рамноправност и се боревме овој сон да стане реалност. Кога веруваме во нешто, ние сме спремни да жртвуваме се. Време е за првиот Премиер Албанец во Северна Македонија, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на почетокот од видеообраќањето за предлогот за прв премиер Албанец на Македонија.
УКРАИНА - Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека неговиот извршен одбор го одобри стенд-бај аранжманот од 18 месеци вреден 5 милијарди долари за Украина, чија цел е да и се помогне на земјата да се справи со пандемијата ковид-19. Одобрувањето значи дека Украина може да добие итно исплаќање на околу 2 милијарди долари, а преостанатата сума ќе биде исплатена во фази во текот на 18 месеци, се вели во соопштението на ММФ.
САД - Погребот на Џорџ Флојд, Афроамериканец чија смрт во полициски притвор ги поттикна повиците за промена во американскиот кривично систем, се одржа во Хјустон, Тексас, додека анти-расистичките протести за продолжуваат ширум светот.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Економските шокови предизвикани од новиот коронавирус ќе ги разгорат сиромаштијата, немирите и нестабилноста во силно задолжените и политички кревки држави во наредните години, оценува Институтот за економија и мир.
САД - Околу 640 американски војници, кои во моментов се дел од КФОР, ќе останат во Косово како дел од силите од околу 4.000, потврди американскиот претседател Доналд Трамп во писмото до спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и до вториот највисокорангиран функционер на Сенатот, републиканецот Чак Грасли.