ЕХФ: Вардар во ЛШ, Пелистер бара вајлд-карта

Архивска фотографија - РК Вардар, Лига на шампиони

Двократниот европски ракометен и македонски шампион Вардар ќе биде сигурен учесник во Лигата на шампионите во наредната сезона, потврди ЕХФ. Со директното учество, Вардар ќе биде во друштво со ППД Загреб, Барселона, Кјелце, Кил, Веспрем, Порто, Алборг, Фленсбург и ПСЖ.

Европската куќа на ракометот исто така потврди дека Еурофарм Пелистер во машка и Куманово во женска конкуренција се пријавија за вајлд-карта со надеж дека во наредната сезона ќе бидат дел од Лигата на шампионите.