Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Западот не може да го игнорира подемот на Кина и оти е важно Велика Британија да ја преиспита улогата на Хуавеј во својата 5Г мрежа, со цел да се гарантира нејзината безбедност, пренесе Ројтерс.
Столтенберг за радио Би-Би-Си изјави дека Кина му се приближува на Западот на различни начини и изрази надеж дека Велика Британија ќе се погрижи 5Г мрежата во земјата да биде безбедна.
Во рамките на пошироката проценка на односите со Кина, британскиот Национален центар за кибер безбедност го анализира влијанието на неодамнешната најава на САД за санкции против Хуавеј врз Велика Британија да и дозволи на компанијата да учествува во изградба на 5Г мрежа во земјата, донесена претходно оваа година, објави Ројтерс.