Врвниот американски експерт за заразни болести кој е член на групата за коронавирусот во Белата куќа доктор Ентони Фаучи, на онлајн конференцијата спонзорирана од Организацијата за иновации во биотехнологијата, оцени дека ковид-19, е уникатната респираторна болест предизвикана од коронавирусот со голема преносливост и смртност.
„Се покажа дека ова е мојот најлош кошмар“, рече тој, наведувајќи дека посебно бил изненаден од брзината на ширењето на сегашната пандемија.
„Ова траеше околу еден месец, додека на многу лесно преносливи болести им се потребни шест месеци до една година за да го зафатат светот”, вели тој.
Според Фаучи, причините за толку брзото ширење се големата заразност на вирусот и екстензивното патување на заразените лица. Фаучи, изрази увереност дека ќе биде откриена вакцина.
Рестриктивните мерки спасија милиони луѓе од ковид-19
Тој додаде дека сè уште треба да се научи многу за вирусот, вклучително и разбирањето на широкиот опсег на сериозноста на симптомите.
„Сè уште сме на почетокот на вистинското разбирање“, рече тој, отфрлајќи ги надежите дека пандемијата ќе заврши во скоро време.
Години на немири
На последиците од пандемијата врз светот предупредува и најновата студија на Институтот за економија и мир.
Во неа се вели дека економските шокови предизвикани од новиот коронавирус ќе ги разгорат сиромаштијата, немирите и нестабилноста во силно задолжените и политички кревки држави во наредните години.
Влијанијата на пандемијата ќе избришат години на социо-економски развој во некои земји, соопшти овој Институт во својот годишен индекс кој го мери нивото на мирот низ целиот свет.
„Најлошото треба да се случи“, изјави Стив Килелеа шеф вИо нститутот, додавајќи:
„Земјите што најмногу страдаат се оние кои во моментот се кревки бидејќи тие се оние кои обично имаат повисоко ниво несигурност во обезбедувањето храна, владите се политички понестабилни, а економиите неразвиени“.
Пандемијата ја зголемува невработеноста на младите
Ограничувањата за да се спречи ширењето на вирусот ги погодија економиите, при што Меѓународната организација на трудот проценува дека околу 200 милиони би изгубиле работа, а Светската банка предвидува глобалната економија да се намали за 5% во оваа година.
Аналитичарите предвидуваат дека ќе бидат потребни пет години за светските економии да се вратат на нивото од 2019 година.
Презадолжените земји, како што се наведува во студијата, тешко ќе најдат пари за обнова на нивните економии по коронавирусот, со што се зголемува нестабилноста, а можни се немири и насилство.
Како ковид-19 ќе влијае врз глобалното производство на храна?
Климатските промени и природните непогоди, исто така, претставуваат голема закана за мирот.
Видија Дивакар, истражувач во Институтот за развој предвидува дека влијанието на пандемијата ќе се почувствува во кревките држави, што ќе ја зголеми сиромаштијата и може да предизвика немири во многу земји.
„Со криза од ваков вид што влијае врз толку многу димензии ... веројатно последиците ќе бидат долгорочни “, вели Дивакар.