Погребан е Џорџ Флојд, Афроамериканец чија смрт во полициски притвор ги поттикна повиците за промена во американскиот кривично систем, се одржа во Хјустон, Тексас, додека анти-расистичкитепротести за продолжуваат ширум светот. Поранешниот потпретседател Џо Бајден, можниот кандидат на демократите на претседателските избори, на комеморацијата во црквата во Хјустон порача дека смртта на Флојд ќе ја активира расната правда низ целата земја.
Кауција од милион долари за полицаецот обвинет за убиството на Џорџ Флојд
Покрај ковчегот во црквата поминаа скоро 6.000 луѓе, а потоа тој беше погребан пкрај неговата мајка на гробиштата во Хјустон. Скоро две недели на улични протести од смртта на Флојд ги засилија повиците за полициска реформа и за измени во системот на кривично право како и во борбата против расната нееднаквост во САД и во странство. Флојд почина на 25 мај откако полицаецот Дерек Шовин го притискал коленото на вратот на 46-годишникот скоро девет минути. Снимката на случајот се рашири на Интернет. Шовин се соочува со обвиненија за убиство, а тројца други офицери вклучени се обвинети за помагање и поттикнување убиство.