Ди Мајо: Од историско значење е почетокот на преговорите со С. Македонија

Шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Маио, по денешната средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас, изјави дека од историско значење е одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, јави МИА од Атина.

Европската перспектива на Западен Балкан беше меѓу темите за кои разговараа шефовите на двете дипломатии.

„Го поддржуваме процесот на проширување и главно одлуката на Европската унија да започне преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е од историско значење за кое верувам дека придоенсоа и континуираните и заедничи активности и напори на Грција и Италија“, рече шефот на италијанската дипломатија.