Русија ги олесни рестрикциите за коронавирусот

Москва

Русија ги ублажи ограничувањата на границата и ги укина рестрикциите во Москва, соопштија официјални лица, со што рускиот главен град е последниот најголем град што стави крај на забраната за движење која е во сила повеќе од два месеца. На Русите од 9 јуни им е дозволено да патуваат во странство за да се грижат за болни роднини, за работа, образование или медицински третман, се наведува во указот на премиерот Михаил Мишустин.

Шест месеци ковид-19: Пакет лаги

Странците можат да влезат во Русија за да се грижат за роднините или да добијат медицински третман. На жителите на Москва, која беше најтешко погодена од пандемијата на коронавирус, повеќе нема да им бидат потребни специјални дозволи за шетање низ градот. Русија со повеќе од 476,000, е трета во светот, зад САД и Бразил, се наведува во извештајот на универзитетот Џонс Хопкинс.