Судијата побара кауција од милион долари за условно ослободување на полицаецот обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење. Бившиот полицаец Дерек Шовин се појави вчера на суд за прв пат откако се случи убиството, на кратко процесно сослушување преку видео врска. Судијата Џенис Рединг го закажа следното рочиште за 29 јуни, кога ќе се разгледа суштината на случајот.
Десетици илјади на протестите против расизмот и полициската бруталност
Поранешниот 44-годишен полицаец се наоѓа во затвор со голема безбедност. Тој е обвинет за убиство затоа што го задави 46-годишниот Флојд пред две недели со тоа што го притисна на вратот со коленото и го држеше скоро девет минути. Видеото од драмата, кое е снимено од случаен минувач, брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика бран демонстрации во САД и низ целиот свет.