Светската здравствена организацијата на денешната прес конференција во Женева побара од земјите да продолжат со напорите за ставање под контрола на коронавирусот наведувајќи дека пандемијата глобално се влошува, а дека пикот во централна Америка не е достигнат.
„Повеќе од 136 000 случаи се пријавени во неделата, што е најмногу во еден ден“ рече генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус.
Бразил во моментот е една од најзагрозените држави од коронавирусот и се наоѓа на второ место по потврдени случаи, зад Соединетите Американски Држави, а бројот на смртни случаи минатата недела во таа земја ја надмина Италија. Повеќе од седум милиони луѓе во моментов се заразени во светот со коронавирусот, а повеќе од 400 000 досега починаа.