Османи барал лидерска - Ќе стаса нацрт-рамката за преговори со ЕУ

Бујар Османи

Во наредните денови Европската комисија се очекува да ја објави првата нацрт-верзија на рамката за преговори со Македонија, по што ќе се случи усогласување на позициите на ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција.

Тој информираше дека веќе иницирал состанок на лидерите на партиите со претседателот на државата, со цел земјата да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и изградба на заедничка политичка позиција.

„Барањето за лидерска средба не е поврзано со конкретно прашање туку да се постигне еден консензус за позициите на земјата кои тој ќе треба да ги претстави на првата меѓувладина конференција“, рече Османи.