Во изминатото деноноќие во целата држава на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација. Биле извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР.
„По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки“, информираше Министерството.