Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се одлучува дали повторно во земјава ќе биде воведен полициски час или ќе се пристапува поригорозно кон веќе донесените мерки, како носење заштина маска и држење растојание од два метра, со цел спречување на ширењето на ковид-19. По одлуката на Комисијата ќе биде поднесен предлог до Владата, која ќе ја донесе конечната одлука. Откако во минатата недела беа регистрирани поголем број заразени со вирусот, Владата донесе одлука сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде беа регистрирани најголем број позитивни случаи на коронавирус, да бидат ставени во целосен карантин од петокот до изутрината до 5:00 часот, додека во останатите градови беше воведен полициски час што започнуваше во 16:00 часот. На територијата на цела земја беше воведен забрана за посета на гробиштата.
Короната урива рекорди - Филипче смирува
Пред почетокот на полицискиот час во Скопје, многу жители од градот заминаа на туристичките места во земјава, каде беа воведени поблаги рестрикции. Поради тоа граѓаните упатија бурни реакции на социјалните мрежи во однос на тоа дека таквото постапување може да предизвика нови жаришта на местата на кои речиси и да нема заболени лица. Во моментов во земјава има 1.226 активни случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје – 658, од кои 152 во Чаир.