Американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс ги негираше теориите на заговор што се шират на социјалните медиуми во кои се наведува дека тој стои зад намерата за употреба на вакцини за имплантирање на микрочипови кај луѓето. „Никогаш не сум бил вклучен во каква било работа од типот микрочип“, рече тој додавајќи: „Скоро е тешко да се негираат овие работи, бидејќи е толку глупаво или чудно што дури и да се спомене тоа му дава кредибилитет".
Не! 5G не го предизвикува и не го шири ковид-19
Од почетокот на глобалната пандемија, Гејтс беше предмет на заговори кои лажно го поврзуваат со потеклото на коронавирусот на еден или друг начин. Во минатиот месец руската државна телевизија ја откажа репризата на емисијата во која беше обвинет Гејтс дека сакал да вметнува чипови во луѓето. Риа Новости, државна новинска агенција, го нарече скоро 50-минутно шоу „екстраваганција на заговор“. Гејтс предупредуваше за опасностите од пандемија во минатото, а неговата фондација неодамна посвети 300 милиони долари за борба против ковид-19 и развој на вакцина. Цитирајќи ги овие потези, некои десничарски групи и експерти почнаа да шират дезинформации преку интернет во дека Гејтс е зад вирусот и сака да профитира од тоа.