Следната недела ќе бидат испратени ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите.
Од Министерството за економија информираа дека ваучерот ќе биде испратен по електронска пошта која што граѓаните ја имаат доставено до Управата за јавни приходи. Вакви ваучери во износ од 6000 денари ќе добијат граѓаните кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно. Тие ќе може да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи, наведоа од Министерството за економија.
Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.