По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на коронавирусот.
Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на КОВИД-19, поради што градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев апелираше граѓаните да ги почитуваат законските мерки за заштита.
На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани во моментот активни се вкупно 19 лица, меѓу кои и жители на општина Чешиново-Облешево, вработени во една од штипските конфекции каде беше откриено присуство на вирусот.