Полицискиот час уште денеска, се разгледуваат следните чекори

Скопје за време на полициски час

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите. Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро.

Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гробиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.

Владата оваа одлука ја донесе во средата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, по зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус.

Осумдесетчасовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до утре до 5 часот наутро. Забрана за движење на територија на цела држава имаше до 26-ти минатиот месец, кога беше целосно укината.