Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан изјави дека ќе донира 100 милиони долари на организациите кои се борат за расна еднаквост и социјална правда, среде бранот протести ширум САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Во заедничкото соопштение, Џордан и „Џордан бренд“ најавија дека парите ќе им бидат исплатени во наредните 10 години на различни организации.
„Длабоко сум потресен, тажен и едноставно лут. Доста ни беше“, рече Џордан оваа недела.
Афроамериканецот Џорџ Флојд почина на 25 мај во Минеаполис по интервенцијата на белиот полицаец Дерек Човин, кој за време на апсењето скоро 9 минути го притискаше Флојд со колено врз врат.
Ден по неговата смрт во Минеаполис почнаа протести кои набрзо се проширија низ целата земја.