Советот на министри на ЕУ усвои заклучоци за напредок во соработката со партнерите од Западен Балкан во областа на миграцијата и безбедноста.
По состанокот на ниво на министри за вантрешни работи, земјите членки на ЕУ порачаа дека ја потвруваат континуираната поддршка на Западен Балкан во постигнувањето на ефикасни миграциски политики и управување со границите, понатамошно зајакнување на системите за азил.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ во усвоените заклучоци повикуваат на поддршка за ефикасна борба против организираниот криминал, тероризмот и насилниот екстремизам, како и на зајакнување на способноста регионот да се соочи со ширењето на дезинфорамции и лажни вести, како и да одговори на можните сајбер напади и хибридни закани.
Во завршниот документ, Советот на министри на ЕУ подвлекува дека е неопходно да се зајакне оперативната соработка меѓу земјите од регионот и ЕУ, особено во размената на инфорамции и соработка со европските агенции.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ сметаат дека овие заклучоци треба да обезбедат нови средства, засновани на постоечките инструменти на ЕУ, за да се овозможи размена на информации на подрачјето на Западен Балкан.