Филипче - Имаме втор бран на коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека е несомнено оти „имаме втор бран“ на заразени од коронавирусот, кој е резултат на непочитување на мерките за групирање и собири од страна на граѓаните, како што покажале епидемиолошките прашалници, но и дека зголемениот број е очекуван поради начинот на тестирање применет во изминативе денови, со оглед на голем број асимптоматски случаи.

„Сметаме дека бранот многу кратко ќе трае, но остануваме максимално внимателни и претпазливи. Вирулентноста значајно слабее, анализата на симптомите во изминатите седум дена покажува дека има огромен број на случаи кои се асимптоматски и со многу лесни симптоми, близу 90 проценти, но ова не треба да значи дека вирусот не е опасен и ова е уште еден факт дека граѓаните треба да внимаваат и да ги почитуваат мерките“, рече Филипче.

Нови 180 случаи на Ковид -19, двајца починати

Прес-конференцијата на Филипче доаѓа откако денеска Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 180 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство, од вкупно 1.272 тестирања.

Од нив, во Скопје има 109 новозаразени, во Куманово 26, Дебар 1, Штип 15, Тетово 12, Струга 1, Велес 1, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 8, Гевгелија 2, Валандово 1, Свети Николе 1, Неготино 1. Според податоците на институцијата истовремено почиати се двајца пациенти.