ЕУ во јули ќе почне со отворање на надворешните граници

Илустрација.

Европската унија во потполност ќе ги отвори внатрешните граници до крајот на јуни и во јули ќе почне со укинување на ограничувањата и со други земји, соопшти денеска комесарката за внатрешна политика Илва Јохансон.

Јохансон на прес-конференција, по одржување на видео-конференција на министрите за внатрешни работи на членките на ЕУ, рече дека повќето од владите на членките на Унијата ќе ги укинат внатрешните гранични контроли од 15 јуни, но дека некои тоа ќе го направат до крајот на месецот.

„Тоа значи дека внатрешните гранични контроли ќе бидат укинати до крајот на јуни. Треба да разгледаме постепено укинување на ограничувањето за патувања во ЕУ кои не се од клучно значење“, изјави таа, пренесува Ројтерс.

Инаку, некои соседни земји, како Чешка и Словачка или Естонија, Литванија и Латвија претходно меѓусебно ги отворија границите.

Освен тоа, Чешка денеска во потполност ги отвори границите со Австрија, Германија и Унгарија.