По 48 дена во Општина Дебар повторно има пациент позитивен на Ковид 19, повтврди градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој соопшти дека станува збор за жена од селото Долно Косоврасти, која пред три дена била примена во општата болница во Дебар со висока температура а потоа препратена итно во Клиничкиот центар во Скопје, каде што е потврдено дека е инфицирана од коронавирус.
Според информациите, станува збор за жена на 44 годишна возраст која била оперирана пред три години на главата.
Градоначалникот Дука кој се повика на анкетите направени од страна на епидемиологот, соопшти дека пациентката има контакти со членови на семејството како и со неколку здраствени лица во општата болница во Дебар.
Кризниот штаб во Дебар, во договор со надежните институции информираше преку градоначалникот Дука дека полицијата има поставено пункт за контрола на селата Долно и Горно Косоврасти и го контролира влезот и излезот на селото.
Во текот на денешниот ден ќе се изврши целосна дезинфекција на џамиите, училиштата и другите јавни објекти во двете села, со цел да се оневозможи ширењето на заразата.
Дука исто така нагласи дека покрај овој случај кој ја вознемири јавноста во Дебар, информираше и за големиот број на лица пристугнати во Општина Дебар од други градови каде има 80 часовен полициски час во повеке села во општината ,каде што имаат вили и куќи. Тој затоа побара максимално почитување на мерките на Владата за заштита на населението.
Кенан Мимидиноски