Приведени 38 лица за непочитување на полицискиот час

Илустрација - Полициски час во Скопје

Во последното деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица го прекршиле полицискиот час, при што приведени се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР. Полицијата информира дека во изминатото деноноќие на 166 лица им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирале се седум лица кои ги прекршиле мерките, а биле регистрирани и 591 лице кои не ја почитувале мерката за носење заштитна маска.

Во земјава е во тек полициски час кој започна синоќа во 21 часот. Тој беше повторно воведен со цел да се спречи нов бран на ширење на коронавирусот. Ограничувањето на движењето ќе важи до понеделник во 5 часот, а се однесува на сите 10 општини на град Скопје и на пет предградија, Кумановско-липковскиот регион, Тетово со пет околни општини и Штип, каде што живеат вкупно околу две третини од населението во земјава. Според министерот за здравство Венко Филипче, ова се локации каде што вирусот се шири брзо, најчесто заради непочитување на превентивните мерки за заштита од ковид-9.