Заев бара единство, Јанушев обвинува за рамнодушност

Само со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од два метра и да нема групирање, наведе на неговиот фејсбук-профил, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој. Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик. Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас“, објави поранешниот премиер.

Претходно, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваше Заев и СДСМ дека се „рамнодушни кон зголемениот број заразени и место да се грижат за здравјето на граѓаните, тие мислат на збори“.

„101 заболен и 4 жртви од Корона вирусот само вчера. Тоа е тажниот биланс што никого не остави рамнодушен. Секако, освен функционерите од владата на СДСМ. Граѓаните се во паника, а тие повторно зборуваат за избори“, објави Јанушев.