Полицајци обвинети за смртта на Џорџ Флојд, протестите продолжија

обвинетите полицајци за смртта на Џорџ Флојд

Обвинителите во американската сојузна држава Минесота исполнија едно од клучните барања од широко распространети протести за расна правда со тоа што го проширија случајот за смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, и обвинија уште тројца полицајци кои беа на местото на настанот. Генералниот обвинител на Минесота Кит Елисон изјави дека тројцата офицери сега се обвинети за помагање и поттикнување на убиство, а за нивно апсење се издадени потерници.

Бајден го обвини Трамп дека ги претворил САД во бојно поле

Покрај тоа, обвинителите ги ажурираа обвиненијата против Дерек Шовин, полицаецот кој фатално го притисна коленото на вратот на Флојд за време на неговото притварање на 25 мај. Демонстрантите ги поздравија новите обвиненија, но демонстрациите продолжија веќе осма вечер по ред низ целата земја. Демонстрантите бараат подлабоки промени во полициските практики. Повеќето протести беа мирни во однос на претходните ноќи, иако во Њујорк полицијата разби група демонстранти. Протестите започнаа во Минеаполис еден ден по смртта на Флојд, кој минувачи го снимија на мобилен телефон.