Лукашенко ја распушти белоруската влада

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја распушти својата влада два месеца пред претседателските избори. Предвидено е изборите да се одржат на 9 август, а Лукашенко, кој од 1994 година владее во земјата која има 9,5 милиони жители, се очекува да го добие неговиот шести мандат.

Денот на Победата над фашизмот одбележан со парада во Белорусија

Белорусија ги укина лимитите за претседателски мандат во 2004 година. Белорускиот лидер беше цитиран дека нема потреба од правење радикални промени при формирањето на новиот кабинет, повикувајќи се на „досега невидената економска криза“ со која се соочува светот во услови на пандемија на коронавирус.