Грчката православна црква: Јогата е неспоива со православната вера

Илустрација: Вежбање јога

Грчката православна црква денеска го критикуваше практикувањето ја јога во борбата против стресот поради коронавирусот, оценувајќи дека јогата е „целосно неспоива“ со православната вера.

Јогата е основно поглавје на хиндуизмот, а не вид на физички вежби и нема никакво место во животот на христијаните, соопшти Синодот на Грчката православна црква. Нивната реакција доаѓа откако повеќе медиуми ја препорачаа јогата како начин за борба против стресот за време на пандемијата на коронавирус.

За време на изолацијата која постапно се укинува од 4 мај, Грчката православна црква беше критикувана поради тврдењето дека коронавирусот не се шири преку заедништво.