Германската влада го укинува предупредувањето за туристички патувања во 29 европски земји, почнувајќи од 15 јуни, соопшти денеска германскиот министер за надворешни рабти, Хајко Мас.
Од 15 јуни германските граѓани ќе можат да патуваат во 26 земји-членки од ЕУ, Велика Британија и четири држави од Шенген просторот, кои не се дел од ЕУ: Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, со тоа што укинувањето на патувањето за Шпанија и Норвешка се пролонгира за една недела. Балканските држави не се опфатени со одлуката.
Шефот на германската дипломатија појасни дека во Шпанија и во Норвешка уште важи забрана за влез во земјата и по 15 јуни, патничките ограничувања за овие две земји се привремено продолжени до 21 јуни, а веднаш потоа ќе бидат и тие укинати.