Од она што можеше да се слушне во изјавите од првообвинетиот и второобвинетата се гледа дека обвинителството смислено не ги вештачело целосно нивните телефони, особено на првообвинетиот Бојан Јовановски, затоа што во неговиот телефон, според тврдењата, се наоѓаат докази за комуникација помеѓу него и поранешниот премиер Зоран Заев, за обезбедување на број на пратеници, за влијание врз судството и за рекетирањестопанственици, изјави денеска Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквите изјави сметаме дека треба да бидат третирани како допрен глас за Јавното обвинителство и апелираме Обвинителството за борба против организиран криминал итно да спроведе истрага за можното соучество на Зоран Заев во аферата ‘Рекет’ или можеби неговата улога на налогодавец на целата оваа финансиска афера. Она што исто така сметам дека во овој случај е битно е дека во телефонот на првообвинетиот во случајот ‘Рекет’ се тврди дека постои СМС-порака од 16 април минатата година каде што господинот бивши премиер Зоран Заев на првообвинетиот му испраќа порака: Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“, рече Милошоски.