Словенија распореди повеќе од 1.000 дополнителни полицајци на границата со Хрватска, поради зголемениот прилив на мигранти по таканаречената балканска рута, соопшти денеска заменик-директорот на полицијата Јоже Сеница, јави МИА.
„Зголемување на бројот на илегални мигранти на балканската рута е забележано во последните две седмици. Во акцијата, која ќе трае до петок, полицијата ќе ги користи сите расположиви технички средства. Како и досега, ќе и помагаат припадниците на армијата“, рече Сеница.
Полицијата ќе го интензивира надзорот на делови од границата кои се во надлежност на полициските управи на Љубљана, Ново Место и Копер, кои инаку најмногу се изложени на нелегалните премини.