Вучиќ: го поддржуваме кинескиот суверенитет

Српскиот претседател Александар Вучиќ и кинескиот претседател Си Џинпинг

Српскиот претседател Александар Вучиќ во писмото до кинескиот претседател Си Џинпинг по повод усвојувањето на кинескиот закон за Хонг Конг истакнал дека Србија го поддржува суверенитетот на Кина и нејзиниот територијален интегритет. Белградскиот весник „Политка“ пишува дека Вучиќ го испратил писмото по повод законот за национална безбедност за специјалниот административен регион Хонг Конг, кој беше усвоен од Националниот Конгрес во минатата недела.

Трамп: Кина ја задушува слободата на Хонгконг

„Како независна држава, Србија се спротивстави на мешање во внатрешните работи на суверена земја“, напиша Вучиќ. Тој истакна дека „Србија и Кина се посветени на почитување на меѓународното право на глобално ниво“ и оти Србија „ги осудува обидите за нарушување на обединувањето“ на таа земја.