Мицкоски: Како граѓанин велам - прво пандемијата, па избори

Христијан Мицскоски на лидерска средба кај претседателот Пендаровски

Ние ќе излеземе на избори и ќе победиме, но единствено нешто што не плаши и треба да не плаши сите нас е што сме рекордер по заболени од Ковид-19 на Балканот, а секојдневно имаме и по неколкумина починати, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Опозициската партија, според него, е подготвена за дијалог и откако успешно ќе заврши пандемијата може да се зборува за поконкретни датуми и чекори за избори.

„Доколку од оваа призма како човек, како граѓанин барате одговор од мене, одговорот би бил: Ве молам дајте да се обидеме да спасиме што повеќе човечки животи и да работиме со нашите граѓани на протоколи, на мерки, да ги заштитиме од потенцијалната инфекција на овој вирус. Ајде прво тоа да го завршиме, бидејќи гледаме дека три месеци поминаа зад нас фрлени во ветер, ништо не се случи, ајде прво тоа да го завршиме а потоа првиот слободен термин да ги организираме тие избори. Тоа да се случи откако ќе се избориме конечно со оваа пандемија“, рече Мицкоски.