Захариева: Предизборни лажни вести за Бугарија во С. Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, изјави дека антибугарската реторика во Северна Македонија е заради претстојните избори и националистичките ставови на некои политичари.

„Кога се стремите да бидете дел од европското семејство, на ниеден политичар не треба да му дојде на ум да зборува на таков начин, особено кон соседна пријателска земја“, изјави Захариева за БНТ, јави МИА.

Бугарската министерка вели дека „таквата реторика во Македонија е проследена и со многу лажни вести за Бугарија и бугарските ставови и дека најголем чекор назад во билатералните односи е прекинувањето на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања“.