СЗО се надева дека ќе ја продолжи соработката со САД

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази желба за продолжување на соработката со Соединетите држави, и покрај најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за прекинување на врските со агенцијата на ООН. „Придонесот и дарежливоста на владата на САД и граѓаните во светското здравство е огромен со децении и даде големи придобивки за јавното здравство ширум светот. СЗО сака оваа соработка да продолжи“, рече Греберејесус на виртуелната прес-конференција.

ЕУ ги повика САД да го преиспитаат запирањето на врските со СЗО

Среде пандемијата на вирусот корона, Трамп го прекина финансирањето на СЗО, за кое го обвинува за занесеност кон Кина и во петокот најави дека Соединетите држави ги прекинуваат врските со оваа агенција на ООН. „Соединетите држави ќе ги пренасочат средствата кон други итни и глобални јавни здравствени потреби што го заслужуваат тоа“, им рече тој на новинарите. Здравствената агенција на ООН, СЗО, е мултилатерална институција основана во 1948 година. Работата и мисиите на оваа огромна машина од 7.000 вработени, кои се присутни низ целиот свет, зависат од финансирањето на земјите членки и од приватните донации.