Претседателот на САД Доналд Трамп, рече дека ги мобилизира сите федерални ресурси, цивилни и воени, за да го стопира ширењето на немирите и грабежите, поради убиството на невооружен афроамериканец во полициски притвор. Трамп рече дека ќе ги распореди американски воени сили освен ако гувернерите не ја следат неговата препорака за распоредување на Националната гарда во доволен број за „да доминираат на улиците“. Претходните распоредувања на американските трупи на американско тло беа да им помагаат на Американците во итни случаи, како што се природни непогоди и се случија само во координација со државните и локалните власти.
Во САД продолжуваат протестите
Трамп ги критикуваше гувернерите на многу сојузни држави како слаби и ги замоли да реагираат поостро на грабежите и уништувањето на имотот за време на протестите во бројни американски градови. Членовите на Националната гарда придонесоа за смирување на ситуацијата во Минеаполис, каде започнаа протестите на 26 мај за убиството на Џорџ Флојд за време на неговото апсење. Првичните мирни протести, кои наскоро станаа насилни, се проширија од Минеаполис во десетици американски градови во претходните денови. Полициски час беше воведен во десетици градови, но демонстрантите во голема мерка го игнорираа и се судрија со полицијата. Агенти на американската тајна служба го засолниле