Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж не можел да присуствува на денешното сослушување околу неговата екстрадиција во САД поради здравствени проблеми, соопшти неговиот поранешен адвокат Стела Морис.
„Асанж не можеше да учествува на сослушувањето во судот во Лондон преку видео врска поради неговото здравје и препораките од неговиот доктор“, напиша Морис на Твитер.
Адвокатот на Асанж тврди дека САД му понудиле помилување
Лондонскиот суд соопшти дека процесот за негова екстрадиција ќе се одложи најрано за септември. Асанж беше уапсен минатата година во Лондон по барање на САД кои од 2010 година го обвинуваат за шпионажа.