Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука на денешната прес-конференција информира дека во градот подолго време не се направени тестирања за Ковид-19. Тој порача и дека оперативниот штаб побарал од Центарот за јавно здравје и Општата болница да се почне со земање брисеви на лица кои се сомнителни со цел да се откријат евентуални носители на вирусот или евентуално болни.
„Дури тогаш ќе може да зборуваме дали во Дебар има или не новозаразени“, рече Дука.
Скринингот за вработените во градинките, според него, ќе биде спроведен на осми и деветти овој месец.
Дука: Ригорозни мерки за непочитување на корона-мерките
Во исто време тој од граѓаните и деловните субјекти побара строго почитување на мерките,како што е носење заштитна маска, одржување физичка дистанца, дезинфекција на работните простории и слично.