Датумот на изборите е завршена работа, тие ќе се одржат на 5 јули, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција.
Според него, потребно е изборите да се одржат побрзо заради добивање на функционални институции, што меѓу другото ќе овозможи подобра здравствена заштита на населението.
„Не е одговорно државата да ја оставиме без парламент и со техничка влада, во која опозицијата е настроена деструктивно. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба“, рече Заев.
Тој информираше дека техничкиот премиер Оливер Спасовски повторно бил на тестирање за Ковид-19.