Русија по повод успешното лансирање на американското вселенско летало „Space X“ на Меѓународната вселенска станица, вети дека ќе тестира две нови ракети оваа година и потоа ќе ја продолжи програмата за пат до Месечината. Во саботата ракета на приватната компанија „Space X“ се од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, однесе двајца американски астронаути на Меѓународната станица, со што стави крај на деветгодишниот руски монопол на човечки летови во вселената.
Враќање во иднината: американските астронаути повторно дома
Од 2011 година и крајот на американската вселенска програма со вселенското летало „Спјејс шатл“, лансирањето астронаути можеше да го направи само руското летало „Сојуз“. Според експертите, бидејќи Роскосмос наплаќал 80 милиони долари за лансирање сега заради обновување на американските летови, имало значителен пад на приходите на руската вселенска агенција со годишен буџет од околу две милијарди долари.