Пратеникот Мухамед Зеќири, неговата сопруга и нивната тримесечна ќерка се позитивни на коронавирусот, објави денска Зеќири на својот профил на Фејсбук.
Тој вели дека и покрај тоа што строго ги почитувал мерките и имал минимални контакти со луѓе, по тестирањето биле позитивни тој, сопругата и ќерката.
„За среќа јас немам никаков симптом, но резултирав позитивен“, вели Зеќири.
Тој упати апел до граѓаните да не го потценуваат вирусот и можноста за заразата и да бидат максимално внимателни.