Двајца американски астронаути денеска на 31 мај ќе пристигнат во Меѓународната вселенска станица, на првата мисија на комерцијално изградено летало.
Даг Харли и Боб Бенкен треба да пристигнат во 16:30 часот по средноевропско време во Меѓународната вселенска станица, орбитирајќи 400 километри над Земјата и да останат таму над четири месеци.
Двајцата мажи, кои полетаа на 30 мај од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, ќе се приклучат на екипажот на Меѓународната вселенска станица, двајца Руси и еден Американец.
Лансирањето на екипаж од САД беше прво во скоро една деценија, по долгогодишно потпирање на руските ракети „Сојуз“ и лансирање од космодромот „Бајконур“ во Казахстан, со кој управува Русија, за да се стигне до Меѓународната вселенска станица.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој сведочеше на лансирањето, рече дека тоа ги исполнува Американците со чувство на гордост.