Ескалираат протестите низ САД поради смртта на Џорџ Флојд

Протести во Њујорк поради смртта на Џорџ ФЛојд. 30.5.2020.

Демонстрантите кои бараат расна правда маршираа во неколку големи градови во Соединетите држави на 30 мај, поради смртта на Афроамериканец кој почина откако бел полицаец со колено го притискаше на вратот, по што предизвика граѓански немири низ целата земја.

Многу од демонстрантите започнаа мирно да протестираа, пред протестите да се претворат во насилни, откако учесниците ги игнорираа полициските предупредувања, го блокираа сообраќајот, направија пожари, кршеа стакла и се судрија со полицијата.

Демонстрантите во Њујорк, Вашингтон, Атланта, Чикаго и Лос Анџелес, беа меѓу неколкуте кои протестираа низ земјата погодени од смртта на Џорџ Флојд.

46-годишниот Афроамериканец почина на 25 мај, откако беше апсен со лисици и турнат за земја со лицето надолу на улица во Минеаполис од страна на бел полицаец, кој со колено го држеше на задниот дел од неговиот врат, додека Флојд извикуваше дека „не можам да дишам.“

Во Вашингтон стотици демонстранти се собраа во близина на Министерството за правда извикувајќи „животите на црните луѓе се важни“ и „не можам да дишам“. Многумина застанаа пред Белата куќа, каде се соочија со полицијата.

Единиците на националните гарди се мобилизирани во градот, како и во државите Охајо, Мисури, Висконзин, Тенеси и Минесота.

Националната гарда на Минесота е активирана за прв пат од Втората светска војна, по втората вечер протести кои на моменти стануваа насилни.

Гувернерот на Минесота Тим Валц изјави дека распоредувањето било потребно, бидејќи некои луѓе ги користеле протестите за смртта на Флојд за да шират хаос.

Тој рече дека верува оти „цврсто контролирана“ група на надворешни агитатори и некои бели врховистички групи и нарко картели се виновни за некои од насилствата во Минеаполис.

Пентагон соопшти дека е наредено Армијата да подготви единици со активна воена полиција за распоредување од неколку воени бази во Минеаполис.